Утрово бешто пред 8 часот , нормализиран есообраќајот за тешки товарни возила на планинскиот премин Маврово. Претходно во 6 часот нормализиран е и сообраќајот за тешки товарни возила и на патниот правец ,Кичево – Гостивар“ кај планинскиот превој Стража е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, додека на планинските превои во западниот дел има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на Македонијапат. Слаб снег провејува на планинските превои Стража,Маврово,Буково,Ѓавато и П.Шапка. Намалена видливост поради магла до 100м. има на планиските премини Плетвар и Пресека.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
OhridNews