Секторот за внатрешни работи ја информира јавноста дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.

Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот. Оттогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

OhridNews