По полноќ екипите на Водовод Охрид успеаја да го отстранат дефектот на цевката со пречник фи 300 во близина на ОУ „Братство и Единство“ во населбата Лескајца, со што се нормализира водоснабдувањето во делови од булеварот „Туристичка“ и населбите Лескајца, Воска и Далјан па се до Коснозглобна. Овие места поради дефектот цел ден останаа без вода за пиење.

Обилните врнежи од дожд што изминатите два дена го зафатија охридскиот регион предизвикаа серија дефекти на водоводната мрежа во Охрид, а во Струга поради заматување на водата од изворите воведена е забрана за користење на водата од градскиот водовод информира Центарот за јавно здравје.

OhridNews