Селекциите на Норвешка и Холандија ги комплетираа четвртфиналистите на 23-то Светско првенство кое се одржува во Германија.

Норвежанките без поголеми проблеми ја минаа Шпанија која сила за надигрување имаше нецели 20 минути. Едни од фаворитките за златното одличје до првиот дел стигнаа до плус три (13-10), а во второто полувреме ја растурија „црвената фурија“ и ја совладаа со убедливи 31-23.

Многу повеќе неизвесност понуди дуелот помеѓу Јапонија и Холандија кој се решаваше во дополнителните десет минути. Регуларниот дел заврши без победник 20-20, а „лалињата“ подобро се снајдоа во продолжението и го чекираа четвртфиналниот билет.

Помеѓу четвртфиналистите покрај Норвешка и Холандија пласман обезбедија Русија, Чешка, Данска, Шведска, Црна Гора и Франција.

Резултати: Русија – Јужна Кореја 36-35, Романија – Чешка 27-28, Шпанија – Норвешка 23-31, Јапонија – Холандија 24-26.

Двојки 1/4 финале: Шведска – Данска, Франција – Црна Гора, Норвешка – Русија, Чешка – Холандија.

OhridNews