Најтрофејната селекција на стариот континент Норвешка се врати на европскиот ракометен трон. Во финалето на ЕП во Хрватска и Украина норвежанките ја совлада Шпанија со 28-25 (10-12).


„Фуријата“ им пружи солиден отпор на Норвешка која пред две години го освои сребрениот медал, а претходно доминираше на европската ракометна сцена.


Ова е шесто златно одличје за Норвешка од Европските првенства додека Шпанија втор пат во финалето губи од скандинавската селекција.


Третото место на ЕП во Хрватска и Унгарија им припадна на селекцијата на Шведска, која во малото финале ја совлада Црна Гора.

Мх.П.