Ниту победата во малото финале и бронзениот медал, не ја намали болката на Норвешка за поразот од Хрватска после две продолженија во полуфиналето. „Коцкастите“, во последниот напад реализираа преку Жељко Муса и стигнаа до победата вредна финале.

Норвежаните, после деталните анализи на последниот напад на хрватите информираат дека стрелецо на победничкиот погодок Муса недозволиво го заобиколил Сандер Сагосен на линијата од шест метри.

Погодокот мораше да биде пониште и играта стопирана. Судиите направија голем превид кој нас не чинеше нова шанса за пласман во финалето. – изјави асистентот на првиот тренер, Кент Хари Андерсон.

ЕХФ се уште се нема изјасното за обвинувањата од норвешката селекција, а денеска на ЕП се игра последниот натпревар по кој ќе дознае ракометниот владетел. Во финалето играат Хрватска – Шпанија.

OhridNews