Хакираниот телефон на Нора Морк и експлицитните слики кои ги имаше во него се главните мотиви на норвешката машка селекција на Европското првенство во Хрватска.

Сево ова немаше да биде чудно ако Нора Морка не доаѓа од Норвешка и е една од најдобрите ракометарки на светот. Репрезентативците во посебна група разменувале слики од десниот бек кој размислуваше за крај на кариерата после обелодувањето за нејзиниот хакиран телефон.

– Од денот кога дознав дека мојот приватен телефон е хакиран и од него извадени сите содржини ме фати паника и страв, а и псхички ме скрши. Тешко ми беше да живеам, а во опасната ситуција се доведе и мојот спортски ангажман затоа што не бев активна на тренинзите и на натпреварите. Помислив да заминам некаде и да се изолирам целосно од светот, но не сакам да се откажам од сонот да станам најдобра ракометарка во светот. – изјави тогаш скршената Морк.

Селекецијата на Норвешка обезбеди пласман во главната фаза на ЕП завршувајќи на втората позиција во Б групата пред Белорусија, а после непобедливата Франција. Натпреварите во втората етапа ќе ги започне со два бодови и изгледни шанси за пласман во 1/2 финалето.

Хакираниот телефон ја скрши Нора Морк

OhridNews