Со триумфот 2-0 над Мидлзброу во финалето на Вембил екипата на Норвич се избори за пласман во англиската Премиер лигата од следната сезона.


„Канаранците“ се последните патници во Премиер лигата откако тоа во регуларниот дел од Чемпионшип го направија Ватфорд и Бурнмаут.


„Зелено жолтите“ во 12-та и 15-та минути погодија два пати и ја обезбедија победата вредна 120 милиони фунти поради пласманот во Премиер лигата.


Од најсилната англиска лига сезонава испаднаа Барнли, Хул и Квинс Парк Ренџерс.

Мх.П.