Актуелниот првак на Шпанија, Атлетико Мадрид го положи оружјето на Ноу Камп претрпувајќи пораз од Барселона со 3-1.
Творци на триумфот во дербито на колото во Ла лига беа Нејмар, Суарез и Меси кои ги постигнаа трите голови за каталонците.
Атлетико Мадрид се што успеа да направи е да постигне почесен погодок преку Марио Манџкуќиќ од белата точка.
Резултати : Алмерија – Севиља 0-2, Атлетик Билбао – Елче 1-2, Гранада – Реал Сосиедад 1-1, Барселона – Атлетико Мадрид 3-1.
Табела : Реал Мадрид 42, Барселона 41, Атлетико Мадрид 38, Севиља 36…
Мх.П.