По подолго време пауза поради повреда Лионел Меси се врати на терените. Тој беше на клупата за дуелот со Гетафе, кој Барселона го доби со 4-0.


Во 64-та минута Меси на теренот го замени Иниеста, 40 000 гледачи на Ноу Камп го скандираа неговото име, а Аргентинецот им возврати со два голови и убедлива победа.

Враќањето на Меси во составот е голема добивка за тренерот Мартинез во борбата за титулите во Копа дел Реј, Ла Лига и Лигата на Шампионите.

Мх.П.