Во тек се градежните зафати за реконструкција на улицата  „ Ариф Мустафа“ во должина од 600 метри.

– Завршено е асфалтирањето и поставени се ивичници, а следува изградбата на тротоари  и поставување на осветлување , со што оваа улица ќе добие сосема нов лик, информираат од локалната самоуправа, од каде додаваат дека деновиве се интензивираат активностите за изградба на повеќе значајни инфраструктурни објекти во градот.

OhridNews