Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година, охридската локална власт врши тековно асфалтирање на неколку улици во Охрид. Деновиве нов асфалт со површина од 260 квадратни метри доби улицата „Ѓорче Петорв“ , а се асфалтираа и осум улични краци во населбата „Радојца Новичиќ“ со вкупна површина од 3.395 квадратни метри.
-Овие инфраструктурни зафати се одвиваат на места кои години наназад биле запоставувани, а тоа покажува дека сите жители на Охрид се подеднакво важни за Локалната самоуправа и нивните проблеми се решаваат систематски, велат од Општина Охрид.
Деновиве охридската локална самоупрва започна инфраструктурни зафати и во населбата 15-ти Корпус.
На улицата „Ѓорги Сугаре“ се извршило поврзување на канализациона мрежа реконструкција на дел од водоводната мрежа, а во тек е и асфалтирање на улицата.
-Асфалтирањето на оваа улица се врши во две фази, во првата се асфалтира крак со површина од 760м2, а во втората крак со површина од 700 м2 или вкупно ќе се асфалтира површина од 1 460 м2. Во наредниот период ќе се продолжи со несмалено темпо да се работи на подобрување на инфраструктурата, со цел градот подготвен да ја пречека престојната туристичка сезона, информираат од Општина Охрид.
Од локалната нагласуваат дека асфалтирањето на улиците се одвива според однапред предвидена програма и систематско решавање на проблемите на граѓаните.
OhridNews