Динамо Загреб направи бомбастичен трансфер откако Ален Халиловиќ за 15 милиони евра се пресели во шпанскиот гигант Барселона пренесуваат хрватските медиуми.

Иако договорот сеуште не е официјализиран сепак на средбата меѓу челниците на двата клуба во Загреб бил постигнат договор за трансфер на хрватскиот вундеркинд.

Актуелниот хрватскиот првак може да се пофали со трансфери на свои играчи во најсилните лиги низ светот што ги прави еден од најдобрите клубови на Балканот.

Мх.П.