Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави нов бран промени на раководни позиции во јавни претпријатија и институции, меѓу кои и во Охрид. Како што изјави на прес конференција членот на највисокото партиско раководство Никола Тодоров, промени ќе има на раководните места во подрачното одделение на Државниот пазарен инспекторат Охрид и на Управата за имотно-правни работи Охрид.
Покрај во Охрид, промени има и во Берово, Валандово, Демир Хисар, Градско, Облешево, Василево, Скопје, Струмица, Велес и Кисела Вода.
-Ова покажува дека ВМРО–ДПМНЕ е партија која има и храброст и капацитет постојано да се менува, да се подобрува, се во насока на одговор на потребите и барањата на граѓаните како наше основно начело во работата. Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да ја согледа успешноста на работата на функионерите кои беа именувани и врз основа на тоа да донесе одлука за промени во одредени области. Смените на досегашните функционери беа резултат на нивната неможноста да одговорат на темпото на работа на ВМРО-ДПМНЕ и на одредени објективни слабости или недоволна посветена работа, што е во целосна спротивност на основните принципи на делување на партијата. Овие доскорешни функционери и сите претходни кои беа опфатени со новиот бран дадоа огромен придонес во реализацијата на над 2000 мерки, проекти и реформи кои ги превзеде ВМРО-ДПМНЕ во минатото, буквално во секоја сфера во општеството во Македонија. -истакна Тодоров.
OhridNews