Новиот царински терминал на Ќафасан значително ќе ја забрза и олесни стоковата размена на најпрометниот граничен премин кон Република Албанија. Ова беше истакнато при денешната посета на ГП Ќафасан на претседателот на Владата Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Царинска Управа Ѓоко Танасоски. Проектот се финансира од програмата ИПА во вкупен износ од 1,48 милион евра коишто се грант и над 300.000 евра од буџетот.
Овој нов терминал ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стоковни пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности, значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција. Она што е важно, со овој нов терминал ќе се забрза и олесни стоковната размена преку овој најфреквентен граничен премин кон Република Албанија а истовремено ќе се олесни и забрза транспортот по должина на пан европскиот Коридор 8. – посочи премиерот Заев.

Со воспоставување на One Stop Shop со Република Албанија, за што постапките ќе започнат набргу трговската, а воопшто и економската соработка ќе се зголемува, а протокот на стоки ќе биде побрз, поефикасен и побезбеден. – рече Бектеши.

Со завршувањето на овој терминал се исполнуваат условите за започнување на преговори со Европската унија, а со One stop shop значително ќе се намали времето на чекање на камионите. Овој граничен премин претставува и пилот испостава за воведувањето на системот за електронска обработка на декларации, софтвер којшто е компатибилен со системите на ЕУ. – рече директорот Танасоски.

OhridNews











