Игор Крцоски е назначен за ВД директор на јавното претпријатие „Комуналец“ Дебрца.

Како што вели новиот директор, неговата работа и организациона поставеност ќе бидат во насока на подигање на квалитетот на комуналните услуги кои се должност на ова претпријатие, а неопходна потреба на жителите на општината.

– Се надевам на плодна соработка со сите вработени подеднакво како и со локалната самоуправа со цел да се постигне максимумот, вели Крцоски.

OhridNews