Англискиот премиерлигаш Ливерпул на долгогодишниот капитен на екипата, Стивен Џерард, му понуди нов договор, соопшти менаџерот Брендан Роџерс.
Менаџерот Роџерс нагласил дека 34-годишниот Џерард поради годините нема да има полн ангажман како што тоа беше во минатото, а англиските медиуми шпекулираат дека поради тоа на капитенот му бил понуден едногодишен договор.
„Џерард е во клубот веќе 16 години и заслужува секаква почит, поради тоа му овозможивме да размисли за понудата која му ја понудивме“, рекол Роџерс.
„Макфакс“