Фудбалските стручњаци со рокадите и продолжувањето на новите договори ги засенија фудбалерите кои се „големите риби“ на трансфер пазарот. И покрај негодувањето на навивачите Арсен Венгер уште некоја сезона ќе биде предводник на Арсенал, откако францускиот менаџер ги договорил сите детаљи со управата на клубот од која има голема поддршка.

Екипата на Рома следната сезона ќе има нов изглед. Римската волчица предвреме го раскина договорот со Лучијано Спалети, а сезоната која заврши беше последна за Франческо Тоти на Олимпико.

Потрагата по нов клуб заврши за Роберто Манчини. Италијанскиот стратег се договори со рускиот клуб Зенит и следниве три сезони.

Да биде се во знакот на тренерите се погрижи Барселона која го назначи Ернесто Валверде за нов предводник.

OhridNews