Познатиот трговски ланец „ДОН Примус“ од среда ќе биде збогатен за уште еден маркет кој ќе биде отворен на булеварот „Туристичка“.
Тој ќе биде третиот маркет кој ќе работи под логото на ребрендираниот трговски ланец „ДОН Примус“, откако по промената на сопственичката структура во октомври беа реотворени маркетите кај поранешниот Мини маркет и на улица „Гоце Делчев“ кај вториот чинар.
Во „ДОН Примус“ маркетите во тек е и голема празнична акција со снижени цени, подароци и многу изненадувања за купувачите. Покрај подарок новогодишен календар, за утрешното отварање само во новиот маркет на бул. „Туристичка“ за сметка од над 350 денари купувачите во „ДОН Примус“ ќе добијат гратис 1 килограм портокали.
Дон Примус – Уживајте во купувањето
OhridNews