Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја продолжи гол серијата во италијанската Серија погодувајќи еднаш во поразот на Палермо од Болоња (3-1) во 13-та рунда од шампионатот.


Несторовски во 9-та минута со седмиот гол сезонава донесе водство за својата екипа која не успеа многу да го задржи. Домаќините десеттина минути подоцна го израмнија резултатот со погодок на Матија Дестро.


Во вториот дел, односо од 67-та до 72 -та минута домаќините постигнаа два голови кои им донесоа победа. За водство 2-1 погоди Блерим Џемаили, а за конечна победа Федерико Вивијани.

Новиот, вкупно деветти пораз сезонава го остави на претпоследната позиција на табелата Палермо кој има само еден триумф во досегашните натпревари во „калчото“.

Резултати: Сампдорија – Сасуоло 3-2, Аталанта – Рома 2-1, Болоња – Палермо 3-1, Кротоне – Торино 0-2, Емполи – Фиорентина 0-4, Лацио – Џенова 3-1, Милан – Интер.

Табела: Јувентус 33, Рома 26, Лацио 25, Аталанта 25, Милан 25 (-1), Наполи 24…

OhridNews