На граничниот премин „Ќафасан“ претпладнево ќе биде промовиран интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“. На промоцијата ќе присуствуваат премиерите на Македонија и Албанија, Христијан Мицкоски и Еди Рама.

Поради официјалната посета на албанскиот премиер, денеска од 6 до 17 часот на подрачјето на Охрид и Струга важат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, информираат од СВР Охрид.

Посебниот режим го опфаќа патниот правец од „Ќафасан“ преку Струга и Подмоље до вилата „Охрид“, како и делницата од аеродромот „Св. Апостол Павле“ до вилата.

OhridNews