Утрово, околу 10.30 часот, во охридската Противпожарна служба се случил нов инцидент, повторно предизвикан од истиот вработен кој минатата година физички нападна и повреди свој колега.

Неофицијално, вработениот, кој деновиве бил на болничко отсуство, денес, дошол во просториите на Противпожарната служба  и физички нападнал пожарникар кој поради повредите бил пренесен во хируршкото одделение при Општа болница Охрид.

Од болницата за OhridNews изјавија дека нападнатиот се здобил со повреда на главата, поради што со возило на итната медицинска помош ќе биде препратен во Клиниката за неврохирургија во Скопје.

OhridNews