ЕВН Македонија денес го отвори новиот Кориснички енерго центар во Тетово за корисниците во овој реон. Новиот објект кој се наоѓа на Булевар Илирија бб, е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено. За сите корисници е овозможен и полесен пристап до КЕЦ-от, со соодветен паркинг простор.

„Во последните години ЕВН Македонија воведе голем број на услуги со цел да им помогне на корисниците навремено да ги добиват фактурите за електрична енергија, како и да ги плаќаат на брз и ефикасен начин преку соодветните банки, но и електронски без да чекаат ред во банка, пошта или во наплатните пунктови на ЕВН Македонија. И покрај тоа, постојат одредени услуги за кои нашите корисници мора да се обратат во КЕЦ-от. Новата локација на КЕЦ Тетово и новите простории треба да ги исполнат очекувањата на корисниците. Тие на ова место треба да се чуствуваат добредојдени, изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-ин Штефан Петер. 

Во последните две години, ЕВН Македонија инвестираше повеќе од 5.3 милиони евра во дистрибутивната мрежа во реонот на Тетово. Реконструирани или изградени се нови 80 трафостаници на средно и ниско напонско ниво, како и мрежа во должина над 80000 м.

ЕВН Македонија ќе продолжи да инвестира во Тетово, како и во другите локални заедници, соопшти компанијата.

OhridNews