Новата 2018 година Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ја започна со ангажман на нов кошаркар во своите редови. Нов член во јатото на „галебите“ е хрватскиот интернационалец Мартин Јунаковиќ.

23-годишниот кошаркар висок 186 сантиметри и тежок 88 килограми после успешните медицински прегледи и се приклучи на екипата и го одржа првиот тренинг со новите соиграчи. 

Поранешниот младински репрезентативец на Хрватска минатата полусезона ја мина во тимот на Загреб за кој во просек постигнуваше по 29 поени на натпревар. 23-годишниот кошаркар потекнува од школата на Шибеник, а во младинските категории има настапувано за Цедевита и Цибона.

Шанса за деби во дресот на АВ Охрид, Јунаковиќ ќе има на дуелот со Борац Чачак кој ќе се одигра во четврток во рамките од Втората АБА лига.

Фото: Нема одмор за охридските кошаркари

OhridNews