Досегашниот прв човек на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) Мишел Платини доби нов мандат откако делегатите на собранието му изгласаа доверба.


Француската фудбалска легенда на претседателското столче седна во 2007 година наследувајќи го Ленард Јохансон од Шведска.

Тој во говорот после реизбирањето за прв човек на УЕФА рече дека со сета сила ќе се бори за хулиганите на фудбалот и ќе работи со ФИФА за што подобар развој на фудбалот.

Покрај претседател на собранието во УЕФА се одбираат и членовите на Извршниот одбор, кои заедно со Платини ги носат главните одлуки.

Мх.П.