Уште еден голем меѓународен успех на охридските бреинобреин генијалци на 9-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 28 јануари 2023 година.
Во конкуренција од 20 603 учесници од 84 земји, 37 ученици од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид кои учествуваа на овој натпревар освоија 9 трофеи, 13 златни медаљи и 15 сребрени медаљи.
И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите, велат од Црвен крст Охрид.
Поттикнати од овој успех, додаваат, продолжуваме со имплементација на Бреинобреин програмата фокусирани на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку креирање мотивација и позитивен пристап кон учењето кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност.
OhridNews