Италијанскиот селектор Антонио Конте е прв фаворит за нов менаџер на Челси по завршувањето на фудбалската сезона.


Информацијата ја потврди добро поткованиот спортски новинар во Италија, Џајнлука ди Марцио кој пак го отфрли тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри од трката.

Конте веќе ги завршил првите преговори со сопственикот на Челси, Роман Абрамовиќ, а клубот ќе го преземе по завршувањето на Европското првенство.

Сезонава „сините“ ја започнаа со Жозе Мурињо на клупата кој подоцна доби отказ, а за привремено решение до крајот е назначен Гус Хидинк.

OhridNews