Од јавното претпријатие „Билјанини Извори” ја информираат јавноста дека од 20 јануари, понеделник, ќе започне примената на новиот начин за наплата на паркинг за корисници кои не извршиле плаќање или им истекло времето за кое го извршиле плаќањето.
- Имено, доколку нашите наплатувачи се соочат со горенаведениот проблем околу наплатата на паркингот тие согласно одлуката на Советот на Општина Охрид од 10.06.2019 година со број 08-8433/27 ќе издаваат паркинг билет со налог за плаќање од 8 дена од денот на издавање. Цената на паркинг билетот доколку се плати во рок од 24 часа изнесува 800 денари, односно 1000 денари ако се плати во рок од 8 дена. Доколку корисникот не ја изврши уплатата во рок од 8 дена ЈП „Билјанини Извори”, согласно актите на претпријатието, ќе поведе соодветна постапка за наплата пред надлежните органи, велат од јавното претпријатие.
ЈП Билјанини Извори се надева дека сите корисници на паркинг место со кое стопанисува претријатието ќе ги почитуваат одлуките и уредбите на претпријатието и Советот на Општина Охрид со цел во иднина да има што помалку недоразбирања.
OhridNews












