Охридските каратисти од клубот „Кун-су-то“ повторно имаа успешен настап овој пат на Меморијалниот турнир „Никола Грдановски-Нике“, кој се одржа на 12 октомври во Скопје. Каратистите се закитија со 11 одличја и ја продолжија жетвата на трофеи која започна минатиов викенд на Меѓународниот турнир во Струга.

Карате тимот ката 2008/2009 година составен од Анастасија Смилевска, Козма и Дамјан Митревски освои прво место, Смилевска дополнително освои два златни медали во ката женски родени 2009 на ниво 2 и 4 и второ место во апсолутна категорија. Тамара Ѓурчиноска финишираше прва во ката женски 2006 година-апсолутна категорија, Сара Цикуш во ката женски 2007 годиа ниво 2, а Матеа Грозданоска во ката женски 2010 година ниво 2. Браќата Дамјан и Козма завршија на второто и третото место во ката машки 2009 година ниво 4 а Мила Ангелоска во ката тим женски 2009 година ниво 2 финишираше на третата позиција. Добриот настап го заокружи Ема Јованоска со второто место во ката женски 2007 година ниво 2.

OhridNews