Нов обид да почне повторениот судски процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски
07.11.17 08:51
Во Основниот суд во Охрид денеска е закажано рочиште од повторениот судски процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски (27), што се случи на дочекот на Нова година во 2016 година што според обвинението го изврши Бојан Угреновиќ (30), од Краљево – Република Србија. Тој сега се брани од слобода, бидејќи судот му го укина притворот согласно законот за кривична постапка, каде по член 123 став 1, кој што се однесува на крично дело убиство, а предвидува казна затвор во траење од најмалку 5 години, истиот може да трае една година. Овој законски рок истече на 27-ми јули.
Главниот претрес требаше да почне на 3-ти октомври, но беше одложен бидејќи обвинетиот повторно не се појави на закажаното рочиште.
Досега шест пати се одложува почетокот на повторениот судски процес откако апелацискиот суд во Битола ја укина првичната одлука на Основниот суд Охрид кој обвинетиот Бојан Угреновиќ во декември минатата година го осуди на казна затвор од 16 години и го врати предметот на повторно судење.
Секојдневните грижи барем за една вечер остануваат пред врата Во сабота, 24 октомври, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид пристигнува „На терапија со Ананас“ – стендап-шоу со нов мате...
Со длабока почит и гордост денес го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кој е симбол на вековниот копнеж, пркосот и непоколебливата волја на македонскиот наро...
Основниот суд во Охрид денеска донесе ослободителна пресуда за Илија Спасески и Борче Ангелов, обвинети за нанесување тешка телесна повреда на Христијан Пендиков во инцидентот што се случи во јануа...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.