Ракометната репрезентација на Црна Гора без двајцата најдобри во тимот ќе настапи на Европското првенство во Хрватска, откако по Вуко Борозан се повреди и голманот Небојша Симиќ.

Голманот на Мелсунген се повредил на загревањето пред тренингот. Тој го повредил листот на ногата и веројатно ќе треба да мирува неколку недели.

Црногорците се уште официјално не потврдиле дали Симиќ ќе биде дел од репрезентацијата на Европското првенство, но според тамошните медиуми минорни се шансите нешто да се пормени во лекарските наоди.

Ова е голем удар за Црна Гора која уште пред почеткот на подготвките остана без својот најдобра играч и стрелец Вуко Борозан.

Црногорците првиот меч на првенството ќе го одиграат в сабота против Германија, потоа во второт коло за противник ќе ја имаат Македонија (15 јануари), а два дена подоцна во последната рунда во Ц-групата ќе се сретнат со Словенија.

OhridNews