Белгискиот репрезентативец Еден Азар од својот клуб Челзи доби нов, финансиски побогат пет годишен договор.


Со овој потег раководството на Челзи уште еднаш покажува дека Азар не е на продажба и дека околу него ќе се гради иднината на клубот.

Азар, кој во 2012 година на „Стенфорд Бриџ“ пристигна од Лил за сума од 35 милиони фунти кога потпиша петгодишен договор, според новиот договор ќе заработува 200.000 фунти неделно што е за 15.000 фунти повеќе од она што претходно го заработуваше.

Азар со новиот договор станува најплатениот играч во клупската историја, за споредба капитенот Џон Тери неделно заработува 175.000 фунти.

„Макфакс“