Како дел од проектот „Охрид – град на светлината“ на ЛК „Лихнидос“, денеска, беше осветлен крстот на највисоката камбанарија во Охрид, лоцирана покрај црквата Св. Богородица Перивлепта, како и крстот на црквата Св. Никола Геракомија.

Благодарение на компанијата “ПАП” и ЛК Лихнидос, осветлен е крстот на највисоката камбанарија во Охрид

Денес бев сведок на несекојдневен подвиг, бидејќи вработените од компанијата „ПАП“ покажаа врвна стручност, беспрекорен професионализам, но и бестрашност. На височина од 20 метри изведоа елегантен и рутиниран зафат, поставувајќи осветлување на највисокиот крст во градот. На тој начин ја исполнија мојата дамнешна желба, но и желбата на многу охриѓани. – изјави проф. д-р Зоран Тунтев, иницијатор на акцијата.

Камбанаријата на Св. Богородица Перивлепта е подигната во 1923 година, а пари за самата изградба и за набавка и монтирање на големото ѕвоно, обезбедил лично најголемиот мецена на градот Охрид во тоа време, Михајло Пупин.

OhridNews