Манчестер Јунајтед скапо дури 105 милиони евра ја плати грешката, односно трансферот на Пол Погба со кој Французинот се врати на Олд Трафорд од Јувентус, каде замина без никаква оштета од англискиот премиерлигаш.
„Црвените ѓаволи“ се соочуваат со нов таков случај во кој ќе мораат скапо да ја платат грешката. Пред две сезони Мајк Кин како неталентиран за 2 милиони фунти беше продаден во Барнли, а сега како што инфомираат англиските медиуми екипата од Олд Трафорд ќе понуди 25 милиони фунти за неговите услуги.
Кин во составот на Барнли се афирмираше во добар и квалитетен дефанзивец, наспроти очекувањата односно прогнозите кои ги имаа скаутите во Манчестер Јунајтед.
24-годишниот фудбалер ќе биде вистинско освежување за одбраната „црвените ѓаволи“ која сезонава под водство на Жозе Мурињо одигра нешто подобро во однос на минатите сезони.
OhridNews