Фудбалерите на Интер втор пат во низа остануваат без бодови на дуелите во Серија А. После тимот на Удинезе скалпот на „нероазурите“ му го зеде составот на Сасуоло кој победи со минимални 1-0 пред своите гледачи.

Водечкиот кој на крајот се покажа и пресуден погодок домашните фудбалери го постигнаа во 34-та минута преку Диего Фалчинели. Гостите од Милано најдобра шанса за егал и враќање во играа имаа на стартот од второто полувреме, но Мауро Икарди не успеа да реализираа од белата точка.

Тимот на Наполи потешко од очекувањата ги освои трите бодови на домашен терен со Сампдорија победувајќи со 3-2. „Азурите“ два пати имаа негатива 0-1 и 1-2, но откако го презедоа водство го задржаа до крај. Со трите бодови „наполитанците“ се одлепија четири бодови од Јувентус кој има меч помалку.

Резултати: Лацио – Кротоне 4-0, Џенова – Беневенто, Спал – Торино 2-2, Наполи – Сампдорија 3-2, Сасуоло – Интер, Удинезе – Верона 4-0, Милан – Аталанта (18ч), Јувентус – Рома (20:45ч).

Табела: Наполи 45, Јувентус 41 (-1), Интер 40, Рома 38 (-1), Лацио 36…

OhridNews