Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров претпреа нов пораз во овогодинешната лига на шампиони. Третиот пораз во третиот натпревар од групата Ц им го нанесе Австрискиот Хипо со 24:27 .

Кометалки играа само во првите 20 мин до кога одржуваа резултатска неизвеснот, потоа во совои раце зедоа се гостите кои направија предност од +4 кој успеаа да а одржат  до самиот крај .

Најпрецизна на мечот беше Тот со 10 постигнати голови, додека во нашиот тим најпрецизна беше Портјанко со 6 погодоци.

Македонскиот шампион Вардар ПРО денес во „Кале“ го игра клучниот натпревар за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Противник на црвено-црните е екипата на Кроација Осигурување од Загреб во чии редови настапува нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров.