Екипата на Металург го претрпе петтиот пораз вкупно во регионалната СЕХА лигата, откако изгуби од Горење во Велење со 23-18 (12-7).
Словенскиот вицепрвак на почетокот од натпреварот ја искористи згрченоста во составот на Металург и поведе со 6-1.
Предноста од пет погодоци домаќините ја задржаа до крајот на првиот дел кога на одмор заминаа со (12-7).
Во второто полувреме ракометарите на Горење ја зголемија разликата, но „металурзите“ со добар финиш ја намалија предноста, но не успеаја да направат нешто повеќе.
За Горење ова беше трета победа сезонава и го помина Нексе на табелата додека Металург остана осмата позиција со една победа и реми.
OhridNews