Шкендија го совлада Охрид со 2-0 во последниот натпревар од шестта рунда во Првата Македонска фудбалска лига.


Охридските бели од 45 минута имаа играч повеќе по исклучувањето на Цуцули , се до 67 минута кога силите беа израмнети по црвениот картон на Алими.

Стрелец на два гола вредни три бода за актуелниот првак беше Оливер Пеев, фудбалер кој на последниот ден од трансфер периодот беше чекор до потпис со Охрид.


За “белите“ ова е трет пораз во низа кој ги смести на претпоследното место на табелата. Во наредното седмо коло на домашен терен доаѓа лидерот Металург.

М.П.