Нов пораз за охридските бели од 2-0 на гостувањето во Штип кај Брегалница. По првиот дел кој мина без погодоци, отпорот на охриѓани беше скршен на средина на вториот дел со голот на Мандак, а победата ја потврди резервистот Здравков.

Со овој пораз 15 сезонава, охриѓани се на десетата позиција,која води во баражот, пред Тетекс и тоа само благодарение на подобрата гол разлика.

Во наредното коло, се игра еден од одлучувачките мечеви во трката за опстанокот, охриѓани гостуват во Тетово кај Тетекс.

М.П.