Охрид Лоте претпре убедлив пораз со 4-0 на гостувањето во Струмица, кај Беласица. Шестиот пораз во седмото коло од пролетниот шампионат во голема мера ги намали шансите за обезбедување на опстанок во второлигашката конкуренција.


Составот на “градежнците“ освои само еден бод пролетва и се наоѓа на 14 место на табелата. Во наредната рунда в сабота на домашен терен го пречекува тимот на Тиквеш.