Охрид Лоте на домашен терен претрпе минимален пораз 1-0 од Влазерими. Голот вреден три бода кичевчани го постигнаа на почетокот од вториот дел преку Реџепи.


“Градежниците“ немаат ни теоретски шанси за опстанок, но тоа не им пречеше да им понудат добар фудбал на малкуте гледачи кои дојдоа да го проследат натпреварот од 27-то коло со Влазерими.


Прв кон голот на гостите се закана Келешоски, но неговиот удар го одбрани Мустафоски. Фудбалерите на Влазерими, најзрелата прилика за погодок ја имаа преку Кадриу. Офанзивниот фудбалер се колебаше дали да бие, го избра погрешното отиде во дриблинг и погреши.


Најубавиот момент во првиот дел им припадна на охриѓани, Бакулески биеше силно и прецизно од 30-ет метри, топката ја погоди гредата и резултатот остана непромент.


На почетокот од вториот дел, гостите ја искористија заспаноста во одбраната на “градежниците“, Реџепи доби употреблива топка и со лоб удар ја смести во мрежата на Стојаноски. После голот, домаќините тргнаа во напад но без некоја посериозна шанса да се загрози голот на Мустафоски и да се обезбеди поволен резултат.


Во наредната 28-та рунда Охрид Лоте гостува во Скопје, кај Локомотива.

Мх.П.