Владата,  денеска, објави нов јавен повик за пријавување на интерес за ангажирање на раководни позиции, во кои се содржани раководни позиции кои се објавуваат прв пат, односно не беа дел од претходниот јавен повик. Со новиот  јавен повик се објавуваат околу 100 раководни позиции, од кои дел претставуваат раководни позиции на централно државно ниво, а дел претставуваат раководни позиции на подрачно ниво, односно раководни позиции на подрачните единици на институции. Можност за кандидирање имаат и лицата кои се актуелни раководители на институциите.

Меѓу позиции кои се дел од раководните позиции на централно ниво, се однесуваат на директорското место во Јавното претпријатие за патишта, директорското место во Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, директорските  места во Македонска Навигација – М-НАВ, во МЕПСО и други.

Дел од повикот се раководните места од областа на здравствените институции, односно директорските места во Универзитетските клиники, секторските директорски места во Фондот за здравствено осигурување- Секторот за финансии и во Секторот за сметководство.

Во рамките на  јавниот повик, се предвидени значаен број на раководни позиции во рамките на подрачните единици на определени институции.

Меѓу нив, 9 подрачни одделенија  на Управата за имотно правни работи, и 9 подрачни единици на Агенцијата за катастар на недвижности. Дел од повикот се и 18 подрачни директори на подрачни шумски служби на ЈП Македонски шуми и 14 раководни позиции во подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и 10 раководни подрачни позиции во Управата за водење на матична евиденција, 3 подрачни раководители на Центри за вработување на Агенцијата за вработување, 4 во подрачните единици на Бирото за развој на образованието и други.

Јавниот повик ќе трае до 5 јули 2013 година.

OhridNews