Тренерот на Реал Мадрид, Рафа Бенитез не може да се фокусира на дуелот со Барселона од повредите со кои се соочува во кралскиот клуб.

Нов играч кој е неизвесен за „Ел Класико“ по Серхио Рамос е шпанскиот репрезентативец Иско. Тој го доигра мечот со Севиља, но на повреда се пожали по завршување на натпреварот.


На истиот меч се повреди и капитенот Серхио Рамос кој предвреме ја напушти играта поради огромни болки на рамото.

Без столбот на одбраната и Иско кој е игра во добра форма сезонава шпанскиот стручњак ќе има сериозни проблеми за составување на екипата.

Барселона во „Ел класико“ ќе влезе со три бода предност пред Реал Мадрид на табелата што ќе гарантира жестока борба на „Сантијаго Бернабеу“.

Мх.П.