Со цел подобрување на условите за работа во основното училиште „Св. Климент Охридски“ изградени се една канцеларија и училница.
– Канцеларијата е направена за потребите на инклузивниот дефектолог, чија работа се покажа мошне успешна, и набавени се дидактички средства за таа потреба. Исто така, поради зголемениот број на ученици во изминатата година, училиштето се соочи со недостиг на училница, па оваа година се направи уште една, информираат од училиштето.
Училницата и канцеларијата се направени со помош на донации од Лајонс клуб „Десарети“, од Кармен Бауцентар и од училиштето со свои сопствени средства.
OhridNews














