Ракометниот клуб Охрид следната сезона ќе има нов лик и ростер, откако од екипата си замина и првиот избор на голот Благојче Трајкоски, кој премина во битолски Еурофарм Работник.

Трајкоски е трет ракометар во краток временски период кој се збогува со охридскиот клуб. Претходно, од таборот на охриѓани заминаа Бојан Спасовски и Јовица Младеновски, кои, го засилија новајлијата во Супер лигата, Бутел.

 

Повремениот македонски репрезентативец беше дел од сите поголеми успеси на РК Охрид, кој го очекува топло и жешко лето за реорганизација и формирање на екипа за шестата сезона во Супер лигата.

 

OhridNews