Португалскиот ас Кристијано Роналдо зад своето име запиша нов рекорд во Лигата на Шампиони. Фудбалерот на Реал Мадрид постигна еден од трите погодоци во победата (3-2) над Борусија Дортмунд и стана единствен фудбалер кој погодил на сите шест мечеви во фазата по групи во најквалитетното клупско натпреварување.

Иначе, Роналдо сезонава ја помина границата од 100 постигнати погодоци во ЛШ и води во голгетерската трка со Лионел Меси на вечната листа.

Триумфот на „кралевите“ на домашен терен беше само за престиж и „пумпање“ на самодовербата, бидејќи „петлите“ од Лондон после петтата рунда го обезбедија лидерското место на табелата.

OhridNews