Американката, Серена Вилијамс со триумфот над Јарослава Шведова во сетови (6-2 и 6-3) во 1/8 финалето на УС Опен постави нов рекорд во светскиот тенис по вкупниот број на победи во гренд слем турнирите.


Најдобрата светска тенисерка стигна до 308-та победа и го помина најтрофејниот тенисер од гренд слем турнирите, Рожер Федерер кој до сега го чуваше првото место.

Помладата од сестрите Вилијамс во 1/4 финалето ја очекува средба со Романката, Симона Халеп која во осминафиналето во два сетови ја совлада Карле Суарез Наваро.

Во машка конкуренција познати се сите четвртфиналисти, откако Енди Мареј го демолираше бугарскиот тенисер Григор Димитров во три сетови (6-1, 6-2, 6-2).

Во четвртфиналето во машка конкуренција ќе се сретнат Поулие – Монфилс, Ѓоковиќ – Цонга, Дел Потро – Вавринка и Мареј – Нишикори.

OhridNews