Екипата на Реал Мадрид го запоседнаа врвот на табелата во Шпанија со лесната и убедливата победа 3-0 над Леванте пред своите гледачи.
Триумфот на „кралевите“ го зачини Кристијано Роналдо кој со првиот гол на мечот втор за екипата и официјално го надмина Раул Гонзалес на листата стрелци во клупската историја.
Пред Португалецот мрежата на Леванте ја погоди Марсело, а после за конечни 3-0 беше прецизен Хесе.
Реал Мадрид се искачи на првата позиција на табелата, но досегашниот лидер Виљареал има натпревар помалку.
Мх.П.











