На словенечкиот ски-скокач Петер Превц му беше потребен еден ден одново да постави нов рекорд во Кулм прескокнувајќи 244 метри.
Ден претходно Словенецот и победникот на Четирите новогодишни скокалници прелета 243 метри, што пак не беше доволно за преземање на водството на Светското првенство. Превц тоа го направи со рекордниот скок од 244 метри и го симна од врвот Кенет Гангнес во Кулм на една серија пред крајот.
OhridNews










