Поради изведување на градежни активности, почнувајќи од денес 28.09, дел од улицата „7ми Ноември“ на потег од крстосницата со улицата „Марко Нестороски“ (кај Крст џамија) па се до крстосницата со улицата „Васил Главинов“ (кај хотел „Кам“) ќе биде целосно забранета за сообраќај, информираат од Општина Охрид.
Сообраќајот ќе се пренасочи по улицата „Марко Нестороски“ и улицата „Васил Главинов“. Исто така, се извесутваат учесниците во сообраќајот дека товарниот и автобускиот сообраќај на улицата „7ми Ноември“ се пренасочува преку улицата „Питу Гули“ (кај стара бензиска пумпа), додека дел од улица „Егејска“ кој гравитира према улица „7ми Ноември“ ќе биде затворен за сообраќај, а сообраќајот се пренасочува преку улицата „Охридска Бригада“, додваат во соопштението.
Воедно упатуваат апел до учесниците во сообраќајот во наредниот период да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на овој дел од градот и доколку постои можност останатиот дел до улицата „7ми Ноември“ и околните улици помалку да се користат.
OhridNews